top of page

SWOT анализа: главен чекор за секој претприемач

Jan 28

2 min read

2

12

Секоја компанија треба на почетокот на секоја фискална година, да изработи SWOT анализа за остварување на своите цели.


SWOT анализата е метод на стратешко планирање, кој се користи за проценка на предности, слабости, можности и закани, вклучени во некој проект или бизнис потфат. Тоа вклучува одредување на целта на бизнис потфатот или проектот и идентификување на внатрешни или надворешни фактори, поволни или неповолни, за да се постигне целта. Оваа техника му се припишува на Алберт Хамфри, кој водеше конвенција на Универзитетот Стенфорд во 1960-тите и 1970-тите години.


Зборот SWOT претставува кратенка од првите букви на англиските зборови:

Strengths - Предности: одлики на бизнисот или тимот што стекнал предност над другите во индустријата.

Weaknesses - Слабости: одлики што ја ставаат компанијата во подредена улога во однос на други компании.

Opportunities - Можности: надворешни можности за поголема продажба или профит во опкружувањето.

Threats - Закани: надворешни елементи во опкружувањето што би можеле да предизвикаат проблеми за бизнисот.


Идентификацијата на SWOT анализите е од суштинско значење, бидејќи следните чекори во процесот на планирање за постигнување на избраната цел може да произлезат од нив.

Прво, со оглед на SWOT анализата, одлучувачите треба да одредат дали целта може да се постигне. Доколку целта не може да се постигне, мора да се одреди друга цел и да се повтори процесот.


Пример на SWOT анализа во компанија од реалниот сектор:

Strengths - Предности:

- приватна сопственост во компанијата

- местоположба на компанијата

- стабилен и долгогодишен менаџерски тим во компанијата

- традиција од многу години

- искусен и реномиран високостручен кадар

- партнерство и проширување на дејноста со потпишување на застапништва со реномирани компании

- вложување во кадарот (обука, дообразование, стручно усовршување, посета на саеми во државата и надвор од неа)

- тимска работа на управата и врвното раководство - менаџментот

- почитување на законските правила

- современ и модерен машински парк

- лојалност и доверба на купувачите

- создаден бренд од компанијата

- репутација меѓу клиентите и конкуренцијата

- квалитетен производ

- краток рок на испорака

- исполнување на желбите и барањата на купувачите

- членство во одредени стопански комори.

Opportunities - Можности:

- влез во регионите во опкружувањето со партнерски компании

- едукација на вработените од сите слоеви во компанијата

- создавање нови производи, поради современиот машински парк

- примена на иновации

- воведување нови технолошки постапки

- спроведување на интерни и екстерни прегледи (аудити) и информирање на врвното раководство.

Threats - Закани:

- влез на странски компании со иста или слична дејност

- економска криза во електроенергетскиот сектор во државата и пошироко

- копирање на новите производи

- променливост на законските регулативи, а со тоа и зголемување на трошоците.


Марјан Трајковски, машински инженер и главен претставник на раководството за квалитет во Раде Кончар - ТЕП


Jan 28

2 min read

2

12

bottom of page