top of page

Паметни домови и софистицирани технологии за одржлив развој

Feb 2

1 min read

2

15

Живеејќи во модерната ера на дваесет и првиот век, брзиот напредок на технологијата ги преобразува домовите во паметни живеалишта. Вака опремените домови располагаат со поврзани уреди и системи, кои ја зголемуваат удобноста и безбедноста, ставајќи посебен акцент на енергетската ефикасност. Основната цел е да се дефинира начинот на функционирање на оваа технологија, нејзините предности и недостатоци, како и влијанието врз животната средина.


Терминот „паметен дом“ е сѐ поактулен и се појавува често во главните медиуми, како изум, кој им го олеснува секојдневието на луѓето преку автоматизирани процеси. Можностите што ги нудат паметните домови се безгранични. Овие технологиии, како што се мобилните и веб апликациите, овозможуваат да се контролира осветлувањето, климатизацијата, безбедноста од далечина, сѐ со главна цел - заштеда на електрична енергија. Паметните домови се опремени со напредни технологии и сензори што овозможуваат автоматизација и далечинска контрола.


Безбедноста во паметните домови се зголемува преку видео набљудување, детектори на движење и системи за контрола на пристап. Интеграцијата на вештачката интелигенција и машинското учење им овозможува на овие системи да ги детектираат потенцијалните опасности, обезбедувајќи мир и простор за брзи реакции. Технологиите на паметните домови, не само што ја следат потрошувачката на енергија, даваат и препорака за оптимално и економично искористување на ресурсите. Имајќи ги предвид сите предности, кои ги нуди системот на паметен дом, несомнено претставува опција на иднината. 


Целта на овој труд е да се дефинира принципот на функционирање на паметните домови и детално да се разработат основните технологии што ги користат, со цел нивно подобрување во иднина, а истиот е достапен на https://skeeor.feit.ukim.edu.mk/ во Зборникот на трудови за 2023 година.


Маја Митревска,

Јована Станојовска,

Марија Коцева,

студентки на ФЕИТ на смерот ЕАОИЕ, четврта година.


Feb 2

1 min read

2

15

bottom of page