top of page

Значењето на волонтирањето за вработливоста

Dec 6, 2024

2 min read

0

22

Paine et all (2013) во својот труд забележуваат дека волонтирањето има статистички позитивни, но слаби ефекти врз вработливоста. Овој наод може да се објасни доколку се направи подлабока анализа, за да се одреди јазот помеѓу волонтирањето и вработливоста, а стратешките документи, политиките и програмите да се насочат кон намалување на јазот. Hirst (Cambridge Policy Consultant) во својот извештај истакнува дека половина од волонтерите се согласуваат дека волонтирањето ја подобрува вработливоста. Petrovski et all (2017) во својот труд забележуваат дека волонтерството го намалува ризикот од невработеност. Овие наоди се во согласност со очекувањата и намерата за волонтирање. 


Значајно е политиките на пазарот на труд и стратегиите за волонтирање да бидат насочени кон подобрување на вработливоста и намалување на ризикот од невработеност. Исто така, значајна варијабла е големината на надоместот за волонтерите, за тие да бидат мотивирани. Дополнително, треба да се има предвид дали волонтирањето, засновајќи се на резултати, ја подобрува продуктивноста и индиректно  влијае на висината на платата кај вработените што претходно волонтирале. За ова, потребно е постојано следење на резултатите и поставување механизми за стимулирање на продуктивноста и раст на платите.


Преглед на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерстото 2021 - 2025 

Она што се забележува во Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството    2021 - 2025 е дека постои ниска свест за волонтерство и треба да се работи на промовирање на овој концепт. Она што недостига за длабинска анализа на волонтерството е податоци со кои би можеле да се прават и проекции за волонтирањето и неговото влијание врз пазарот на труд во иднина.

Движење на невработеноста кај младите

Извор: https://www.theglobaleconomy.com/


Од графиконот може да се забележи висока стапка на невработеност кај младите, која во последните години се намалува, но како стадиум сѐ уште е висока. Покрај останатите мерки и политики што се спроведуваат, добро е волонтирањето да го искористи својот потенцијал и да влијае врз намалување на стапката на невработеност кај младите, а и должината на периодот на невработеност.


Ристе Костовски 


Dec 6, 2024

2 min read

0

22

bottom of page