
Пренесување на мудроста од сините зони во студентскиот живот - едноставни навики за поздрав живот
Jan 1
2 min read
1
20
Замислете место каде што луѓето живеат долг и среќен живот без болести и стрес. Такви региони, познати како сини зони, се наоѓаат низ целиот свет, а најблиската до нас е Икарија во Грција. Овие заедници споделуваат животни навики што придонесуваат кон нивната благосостојба и долговечност. Но, можеме ли и ние студентите, рака под рака со предизвиците на студентскиот живот, да научиме нешто од овие заедници?
Три клучни лекции од сините зони
Заедница и поврзаност
Една од главните причини за долговечноста во сините зони е силното чувство на припадност. Во Икарија, на пример, луѓето се собираат за заеднички оброци и прослави, знаејќи дека можат да се потпрат едни на други. Студентските години се идеално време за изградба на трајни врски. Придружи се на некој спортски клуб, формирај групи за учење, волонтирај или едноставно поминувај повеќе време со своето семејство и пријатели.
Физичката активност - начин на живот
Во сините зони луѓето се редовно активни - тие се движат и се активни преку извршување дневни задачи, како градинарење, без рутински тренинзи. За студентите, ова може да биде пешачење во природа, планинарење или пак правење кратки вежби за време на учењето.
3. Справување со стрес
Луѓето во сините зони имаат свои начини за справување со стрес, на пример попладневен одмор или вечера со семејството. За студентите, стравувањето со стрес е од суштинска значајност, но истовремено е и предизвик. Едноставни активности, како кратко истегнување или време поминато без телефон секој ден, може да помогнат. Пауза од пет минути со неколку длабоки дишења може многу да помогне во седмица исполнета со многу обврски!
И секако, не заборавај на својот plan de vida, одговор на прашањето зошто се будам наутро?. Пронаоѓање чувство за цел во животот вреди до седум години дополнителен животен век.
Доколку започнеш сега, можеш да поставиш темел за поздрав и посреќен живот. Запомни, дури и една мала промена може да направи голема разлика - зошто да не се обидеш и да видиш каде ќе те однесе?
Оваа статија е инспирирана од серијата Live to 100: Secrets of the Blue Zones.

Лилјана Бошнаковска, студент и член на ФСС на Економскиот факултет при УКИМ