
Еден од основните двигатели на економскиот раст и развој е претприемништвото. Претприемништвото е процес на идентификување можности и нивно канализирање во бизнис идеи. За подобар претприемачки амбиент неопходни се структурни реформи, кои како црвена нишка се провлекуваат во голем дел од меѓународните извештаи.
Структурните реформи се важни од повеќе гледни точки за економскиот раст и развој. На почеток, влијаат на очекувањата во економијата, односно стопанството. Структурните реформи влијаат на зголемување на доверливоста во системот. Структурните реформи влијаат на подигнување на нивото на подготвеност на државата за апсорпција на СДИ (странски директни инвестиции). Со примена на структурните реформи се поди гнува атрактивноста на државата како инвестициска дестинација.
Структурните реформи влијаат на подобрување на ефикасноста на јавните расходи и на јавните инвестиции. Со спроведување на структурните реформи се овозможуваат подобри услови за поголеми умножувачки ефекти на јавните расходи и поголема ефикасност на фискалната политика. Со структурните реформи се овозможува подигнување на конкурентноста на македонската економија.
Структурните реформи ќе овозможат подобра основа за истражување и за развој, како и повеќе иновации во областа на економијата.
Структурните реформи ќе овозможат подигнување и на нивото на раз виеност на МСП (малите и средни претпријатија; домашното стопанство). Нивното спроведување ќе ги подобри можностите за среднорочно и долгорочно планирање во претпријатијата. Ефикасните процеси на планирање ќе влијаат на антиципирањето на неизвесноста. Подобрата конјуктура ќе влијае на зголемувањето на можностите за подигнување на нивото на продуктивност во компаниите.
Со примена на структурните реформи, ќе се овозможи поголема подготвеност на македонското стопанство за интеграција во ЕУ. Со тоа ќе се подигнат капацитетите за апсорбирање на финансиските ресурси и нивно канализирање за развојот на државата.
Структурните реформи ќе овозможат подобра трансформација на македонската економија во контекст на нејзин зелен развој, декарбониз ација и енергетска ефикасност.
Ристе Костовски